Вести Македонија Топ вести

Муслиу: Советниците од Штип и Аеродром го прекршија законот

Прекршен е законот, ова е укажувањето на Инспекторите од локална самоуправа кои ги чешлаа свечените изјави потпишани од советниците на Штип и Аеродром, на кои го нема целосното име на државата Северна Македонија.

Препораката од инспекторатот е овие незаконски изјави во пропишаниот рок да бидат сменети.

Вакви случаи има и во скопска Кисела Вода, за разлика од Сопиште каде сите советници и од ВМРО – ДПМНЕ и од СДСМ, потпишале свечени изјави за мандат со уставното име.

Вишиот инспектор Муслиу од Државниот инспекторат за локална самоуправа најави дека за три дена ќе изготват став. Тој потврдува дека уште во мај биле променети статутите на општините во однос на уставното име кое треба да стои во сите документи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе