Македонија Топ вести

Помалку судење за злоупотреби на пари-повеќе коментари за работата на новинарите од градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски

Го оконча изборниот фронт во своја полза, но отвори нов во Кривичниот суд. Не против обвинителот, кој го товари за злоупотреба на над 700.000 илајди евра општински пари, туку против медиумите. Рочиштетото за предметот против градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски се одложи. Родителите на адвоктот се болни до ковид, а тој е во изолација. Медиумите го следеа во судницата и надвор од неа, а тоа му пречеше на Јакимовски.

Освен првото не му се допадна и второто прашање од новинарите. Јакимовски во одбрана наместо за предметот настапи со напад кон медиумите.

Дека останува на кажаното тоа тој го потврди и на социјалните мрежи повторувајќи ги зборовите изречени пред судот, зачуден зошто рочиштата за него станале предмет на итерес на јавноста. Говорот на Јакимовски го осудија и новинарските здруженија, потсетувајќи го старо-новиот градоначалник дека тој е именуван функционер.

ЗНМ и ССНМ потсетуваат дека градоначалниците се избрани функционери кои се платени од граѓаните и тие имаат обврска да негуваат професионален однос кон новинарите и медиумските работници, со цел да даваат отчет за својата работа и во ниту еден случај не може да биде оправдана лична пресметка на јавни настани, се вели во реакцијата на новинарските здруженија

Јакимовски е во право дека повеќе од 2 години е дел од судски процес, а денешното рочиште е прво откако судењето тргнало од почеток. Претходниот судечки судија Горан Бошевски беше разрешен по што процесот се врати на почеток.

Во првиот обид за судење на Јакимовски биле дадени воведни говори и е стигнато до доказна постапка. Но, разрешувањето на судијата го враќа целиот процес на почеток и сега предметот е пред Судечки совет воден од судијата Осман Шабани.

Но, обвинението за Јакимовски останува исто, дека тој ја злоупотребил служебната  функција, и со уште десетмина, но поголем дел од нив признаа вина и добија условни казни од една година затвор, доколку во наредните две години сторат ново кривично дело. Јакимовски меѓу другото е обвинет и за новата административна општинска зграда која без одобрение е изградена, а отпосле е барана легализација на објектот, иако објектот е граден после крајниот рок на градба од 2011-та година.

Јакимовски по овие локални избори се враќа во истата општина, која според обвинителството е „место на злосторот“, но жителите на Карпош веќе му пресудија дека „не е виновен“ што тој го прослави за себе својствен стил, со алегоричен филмски сонг на тема претседател, но и во друштво на своите поддржувачи кои на политичките ривали преку стихови им понудија полови органи.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе