Министерот за правда, Бојан Маричиќ, ги оцени како шпекулации информациите дека тој ќе биде мандатар. Кажа дека досега ниту разговарал за нешто такво, ниту некој го прашал.
Смета дека ќе се решат сите дилеми и нема да има никакви последици и покрај заканата што ја упати генералниот секретар на Беса и министер за земјоделство, Аријанит Хоџа, дека оваа партија може да излезе од мнозинството и да ја урне владата.
Хоџа пораката ја упати синоќа откако Државната изборна комисија прифати приговор на ДУИ и одлучи да се прегласува на едно избирачко место во Желино, каде кандидатот на Беса победи пред ривалот од ДУИ со само 69 гласа разлика.