-Имаше иницијатива за недоверба на владата. Ние како опозициска партија, односно коалиција дадовме 12 потписи за промена на оваа власт. Денеска тоа е веста. Очекувам овие денови уште повеќе пратеници да се приклучат на овој број. Нема да ја оставиме државата без влада. Алтернатива нема да отстапи од заложбите за членство во ЕУ и за НАТО, истакна Африм Гаши, претседател на Алтернатива која е дел од коалицијата Алтернатива/Алијанса.
Гаши ја даде изјавата пред Собранието каде претходно се одржа средба на опозициските партии на кои договорија ново парламентарно мнозинство од 61 пратеник.