Не сум добил никаква информација, но сликата изгледа убаво, особено со претставникот од Левица, зборуваме за европските интеграции, беше првиот коментар на министерот за економија Крешник Бектаеши кога во студиото на Топ Тема ја слушна веста за новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса/Алтернатива, БЕСА и Левица.
Ќе видиме како ќе се случува тоа. Треба да се изгласа во Собранието, ако ги имаат бројките. ќе видиме. За ДУИ, сме кажале ние наш интерес, ако ги гледаме личните интереси, е да одиме на избори, затоа што моментално ќе добиеме 18 пратеници. Но во моментов на државата и треба стабилност, рече Бектеши.