Вести Македонија Топ вести

Бучковски: По заминувањето на Заев, Црвенковски има амбиции да ја преземе СДСМ

Поранешниот премиер Владо Бучковски вечерва оцени дека по заминувањето на Зоран Заев, кој даде оставка на функциите премиер и лидер на СДСМ, неколку групации покажуваат амбиции да ја преземат партијата, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски.

– Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година. Суетата на Црвенковски… Не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ, на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски исто така отворено се конфронтираше со партијата, рече Бучковски.

Ако Заев опстои и на таа втора оставка, за која, како што вели Бучковски, имало иницијативи да не се повлече барем од чело на СДСМ, тогаш по констатирањето на неговата оставка, во рок од 15 дена Иврзшниот одбор на партијата ќе ги распише изборите, каде очигледно ќе има повеќе кандидати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе