Вести Македонија Топ вести

23 приговори пристигнале до ДИК за резултатите од локалните избори

Заклучно со вчерашниот ден до Државната изборна комисија поднесени се вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

Седум приговори од политичката партија ТМРО, кои се однесуваат на избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане, седум приговори од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче, избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани и избирачкото место 882 во општина Чешиново-Облешево.

Еден приговор поднела Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува на избирачкото место број 1532 во општина Пробиштип,

ДУИ поднела пет приговори кои се однесуваат на избирачките места број 2341, 2352 и 2355 во општина Студеничани, и избирачките места број 2107 и 2108/1 во општина Желино како и  три приговори од Група избирачи Енвер Пајазити кои се однесуваат на избирачките места број 2037, 2040/1 и 2038 во општина Брвеница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе