Вести Македонија Топ вести

Синдикатот на полицијата бараат покачување на платите

Синдикатот на полиција во Македонија денеска преку соопштение прашува зошто со  новиот предлог буџет за идната година не е предвидено покачување на платите за полицијата. Бараат покачување на платите во полицијата, поздравувајќи го истовремено предлог буџетот за идната година што го претстави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Од овој Синдикат упатуваат реакција и до Собранието и до Владата и бараат зголемува на платите во полицијата, а сметаат и дека се мали и ветени проценти за зголемување на платите за наведената категорија работници односно на дел од админситрацијата.

– Она што не загрижува како Синдикат е тоа што веруваме  дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените ништо денари кои ги предлага Владата со ребалансот на буџетот. Барем да предвидевте исто колку и здравствените работници, како награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи, се наведува меѓу другото во пишата реакција од СПМ.

Изразуваат верување дека сите заедно ќе смогнат сила и без разлика на политиките ќе донесат одлука која, како што стои, можеби ќе ја врати довербата во професијата полицаец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе