Вести Македонија Топ вести

Приведени две лица, запленети оружје и муниција во импровизирана работилница во скопска Топаана

На 02.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соодејство со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје лишени се од слобода А.Ј.(46) и С.Ј.(73), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Имено, по претходно обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и помошни простории кај А.Ј., каде била лоцирана импровизирана работилница за изработка и поправка на оружје и муниција, при што биле пронајдени 6 ловни пушки, 3.215 парчиња муниција за огнено оружје, 67 механизми и делови од огнено оружје за пушки, 3 цевки за пушки, 74 делови од разновидно оружје, 9 затварачи за пушки, 22 кутии со разновидни механизми за пиштоли, една дигитална вага за мерење на барут.

Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, исто така, претрес бил извршен и кај неговиот татко С.Ј., кој во моментот престојувал во викенд куќа во с.Раштак, при што биле пронајдени: една полуавтоматска пушка, една ловна пушка, еден сигнален звучен револвер, шест цевки за оружје, три дрвени кундаци, 1604 куршуми со долго зрно, 101 куршум ловна муниција калибар 12 мм, затворач за оружје, куршуми маневарска муниција, 499 куршуми ловна муниција кал.16мм, четири пакувања со иницијални каписли.

А.Ј. и С.Ј. се приведени во пoлициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе