Македонија Најважни

Власта против предвремени избори

СДСМ е против предвремени избори. Предлогот на Христијан Мицкоски, според СДСМ, е резултат на неможноста да направи ново парламентарно мнозинство, како што најавуваше. Тврдат дека парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и на народот.

Во име на гласовите на граѓаните кои ги освои владината коалиција кои се повеќе од гласовите на опозицијата, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да почнеме преговори со ЕУ, ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата во ризик и нема да гласа за брзи предвремени избори, соопштуваат од сдсм.

СДСМ приложува изборна математика: партиите од владината коалиција на советничките листи освоиле вкупно 419 илјади 180 гласови, што е за 19 илјади 90 повеќе од гласовите на партиите од опозицијата. Или во мандати, 61 советничко место повеќе. СДСМ и коалицијата нема да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа што ја освои на локалните избори, се вели во соопштението од владеачката партија.

Опозициската Алијанса за Албанците поддржува избори, но не избори кои би биле организирани од ДУИ, партија што ја смета за манипулативна.

Ние цениме дека не може да има слободни избори со ДУИ на власт. Оваа Влада во последните циклуси покажа дека нема ниту капацитет ниту подготвеност за слободни, фер и демократски избори. Не можеме да зборуваме за демократија кога целата држава е ставена во служба на владеачките партии, граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат, обвинуваат од Алијанса за Албанците.

Од Алтернатива на Африм Гаши велат дека „деновиве органите на партијата ќе го дискутираат ова прашање, како и другите актуелности од политичката сцена“. Токму оваа партија, или двајца од четворицата пратеници, беа неофицијално споменувани како можност за зголемување на актуелното парламентарно мнозинство.

Стабилноста на мнозинството во Собранието беше потврдена и на средбата на СДСМ со коалициските партнери во понеделникот. Се очекува продолжение во петок, во насока на барање замена за Зоран Заев во премиерската фотелја. А тој не брза со оставките: три дена по бескомпромисната најава, нема писмен поднесок ниту во Собранието ниту во партијата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе