Вести Македонија Топ вести

Министерството за здравство не поставило нови директори на болницата во Тетово

Министерството за здравство се уште не назначило нови директори на болницата во Тетово, каде изгореа 15 луѓе во пожарот кој ја зафати модуларната ковид болница. И покрај тоа што се чекаше изборите да завршат, бидејќи во предизборен период е забрането промена на функционери, сепак од министерството за Телма потврдуваат дека нови директори нема, а за старите велат дека дале неотповиклива оставка, но не информираат дали е прифатена.

„Оставките на директорите се неотповикливи. Следува избор на нови директори“, кусо одговараат од Министерството за здравство.

После пожарот во модуларниот ковид центар двајцата директори Флорин Бесими и економскиот Артан Етеми до Министерството ги поднесоа своите оставки. Бесими е брат на министерот за финансии Фатмир Бесими а на позицијата в.д. директор е веќе 11 години. И министрите Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, си поднесоа оставки, но премиерот Зоран Заев не ги прифати. Во пожарот изгореа 12 пациенти, 2 роднини на пациенти, а една пациентка починала уѓте пред да започне пожарот. Истрагата се уште не открила ништо за тоа кој е виновен за трагедијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе