Вести Ковид19 Македонија Топ вести

ИЈЗ: Зголемување на заболени од Ковид за речиси 4%

2804 нови позитивни случаи  на КОВИД 19 се регистрини минатата недела во Македонија што е зголемување за  3,7 проценти во споредба со претходните седум дена. Се зголемува и бројот на реинфекции на вирусот, па минатата недела по вторпат се заразиле 38 лица што е повеќе  за 5,6 проценти во однос на претходната недела. Најмногу  активни слуачи има во Скопје, Велес и Куманово, а во најголем пораст е заболувањето кај популацијата од 20 до 29 години

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=714, 25,5%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=94; 3,4%). Се забележува зголемување на бројот на заболени скоро кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 20-29 години, 11,4% повеќе во однос на претходната недела. Намалување се забележува кај возрасните групи од 0-9 години и над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институот за јавно здравје.

Минтата недела од компликации предизвикани од вирусот починало 71 лице, што е за 8 помалку од прехдоните седум дена, но се спушта старосната граница на оние кои ја губат битката со болеста. Исто така, во поеридоот од 25 до 31 октомври,  регистриран е и еден смртен исход кај пациент кој имал реинфекција со вирусот, со што  вкупно има 7   починати од оние кои по вторпат се заразиле.

Пријавен е 71 смртен случај во 20 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (18). Најголем број , 58 од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се 5 починати лица и кај возрасната група од 50-59 години , од 40-49 години-5, од  30-39 години 2 и од 10-19 години 1 лице, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 31 октомври  две дози вакцина примиле 778.599,  а трета доза  30.851 граѓани. Намногу вакцинирани има со Фајзер, а најмалку со Спутник. Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај популацијата  над 18 години е 46,4%, а  кај вкупното население 37,6 проценти.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе