Македонија Топ вести

Дали поразот на локалните е пораз за политиката на централно ниво, дебата на Топ Тема со градоначалниците на Гостивар, Валандово и Бутел

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов вечерва во Топ Тема на Телма, рече дека тој лично не смета дека Зоран Заев треба да си даде оставка на двете фукции, лидер на СДСМ и Претседател на Владата, но тој ќе ја почитува секоја негова одлука.

„Мислам дека сите избори ги правиме фатални. Ние самите како носители на политиката треба да го релаксираме граѓанството. Народот кажа дека му е преку глава од се, со тоа што излезноста е се помала. Брзо заборавате како беше предходно“, истакна Костадинов  до СДСМ.

Според него коалиционите партнери се против предвремени избори. „Парламентарното мнозинство е стабилно, доколку ги собереме и гласовите од локалните избори ќе се види дека парламентарната коалиција има многу повеќе од гласовите на цела опозиција. Парламентарните избори беа пред една година“, рече Костадинов.

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, рече дека Заев треба да се повлече како чин на морална одговорност. „Со овој пораз СДСМ е брод што тоне, а тогаш луѓето бегаат. Народот нема доверба во нив. Заев со години не направи мнозинство. Може да има експертска влада, но немаме се уште став за тоа“, истакна Таравари од Алијанса на Албанците.

„Суштинска грешка е да се релативизира оваа оставка. Тоа тој не го изрази заради своја сопствена воља, туку тој ја испочитува волјата на народот кој е незаводолен од централната власт. Секако дека треба да имаме предвремени парламентарни избори“, смета Дарко Костовски градоначалник на Бутел, од ВМРО – ДПМНЕ.

Според Костовски многу подобро е сега влада на ВМРО – ДПМНЕ да се справува и со здравствената и со економската криза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе