Македонија Топ вести

МОН: Не се укинува субвенционираниот студентски оброк

Во врска со реакциите на социјалните мрежи на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, дека се укинува субвенционираниот студентски оброк, Телма го контактираше Министерството за образование и наука кое ги демантира наводите на УСС-УКИМ. Од МОН велат дека е укинат субвенционираниот студентски оброк само на десетина студенти, кои го изгубиле правото зашто или од редовни преминале во вонредни студенти или се вработиле и земаат повисока од минималната плата. А, во врска со информацијата дека повеќе студенти добиле електронско известување дека им е укинат студентскиот оброк, од МОН  појаснуваат дека не се работи за системски проблем од нивна страна и дека има студенти кои и покрај известувањето дека им е укинат, веќе ги добиле сретствата за студентски оброк.

Повеќе студенти аплицирале од иста електронска адреса  со врзан, ист, AD број и затоа автоматски добиле иста порака и тие што го изгубиле и тие кои имаат право да земаат 2400 денари месечно, како субвенциониран студентски оброк. Проблемот е што еден студент аплицирал за повеќе други и затоа автоматски известувањата за укинување пристигнале кај сите нив. Сега поединечно се контактираат студентите кои го исполнуваат правото за добивање субвенциониран студентски оброк за да се надмине проблемот, велат од МОН.

МОН секој месец го проверува статусот на студентите дали се вработени или преминале од редовни во вонредни, за утврдување на правото за добивање субвенциониран студентски оброк. До сега студентите на кои им е одобрен, добија само половина од сумата за половина месец ,(од 15 септември до 1 октомври), а на почетокот на овој месец ( ноември), ќе им стигне целата сума од 2400 денари за месец октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе