Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Излезноста во вториот круг од локалните избори до 15 часот е 33,51 отсто

Во цела држава се гласа мирно, со користење на уредите за отпечаток од прст и без никакви проблеми, изјави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

Излезноста на гласачите до 15 часот е 33, 51 отсто. Останува истиот тренд.

Најголема излезност има во Вевчани 66, 54 отсто, по што следат во Ранковце 60,15 отсто, Демир Капија 58, 18 отсто, Конче 58,1 отсто, Демир Хисар 55,3 отсто, Пехчево 52,93 отсто, Дебар 51,48 отсто и Лозово 51,1 отсто. До 15 часот најмала е излезноста во Сарај 16,38 отсто.Даштевски ги повикува сите граѓани до 19 часот да го остварат своето право на глас и изборниот ден да помине мирно.

Претседателот на ДИК информираше дека до ДИК пристигнале 311 приговори за лично избирачко право, 268 се прифатени, 25 одбиени, а 18 од гласачите ги имало во Избирачкиот список.

-Нема пријави за неправилности и проблеми со гласањето со отпечаток од прст, рече Даштевски на редовната прес-конференција на ДИК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Христијаните го слават Воскресението Христово

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе