Локални избори 2021 Македонија Топ вести

ДИК верува дека нема да ги има гужвите и недоразбирањата од првиот изборен круг

Државната изборна комисија верува дека во вториот изборен круг нема да ги има гужвите и недоразбирањата од првиот круг, посебно во делот на употребата на апаратите за фингерпринт. Комисијата донесе посебни препораки кои треба да им послужат на избирачките одбори за забрзување на постапката за гласање. Според овие препораки, отисокот на гласачот ќе се проверува само два пати – еднаш со десниот и еднаш со левиот показалец. На помош остануваат и 400 технички лица. Во текот на денот, ДИК е отворена за приговори за заштита на гласачкото право, а претпладнево донесе одлуки за дваесетина што пристигнале вчера и денеска.

Пред утрешниот втор круг гласање, Ангела Симоновска од Зелениково испрати приговор до ДИК за заштита на нејзиното избирачко право. ДИК го разгледа и отфрли, бидејќи ова лице веќе е запишано во Избирачкиот список и нејзиното право на глас воопшто не треба да биде доведено во прашање. Ова е еден од 24-те приговори од гласачи за кои Комисијата донесе одлука во итна постапка.

Меѓу двата изборни круга, спроведени се дополнителни обуки за избирачките одбори. ДИК донесе и посебни препораки, имајќи ги предвид пропустите направени во првиот круг. Во избирачките места кадешто има запишано поголем број избирачи или има повеќе избирачки места групирани во еден ист објект, ДИК препорачува член на одборот да ги пречекува гласачите пред објектот и да ги распоредува, а на местото за гласање континуирано да се пуштаат онолку гласачи колку што има паравани.

Во вториот круг, право на глас имаат околу милион 354 илјади гласачи, бидејќи останатите избраа градоначалници во првиот круг. Ќе се гласа во 44 општини плус во градот Скопје. Гласовите се бројат од нула, а победник е кандидатот што ќе освои најмногу гласови. Прегласување на првиот круг има на едно избирачко место во Дебар и на едно во Шуто Оризари. Нема гласање во Маврово-Ростуше и во Центар Жупа – таму ќе се повтори целата постапка со распишување нови избори поради недоволен одзив од гласачите.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Сплотени и солидарни да ги надминеме искушенијата, од несреќа и неволја да излеземе помудри, подобри и похумани

Дејан Дејан

Mир и спокој во душите, добрината и мудроста да бидат наш патоказ кон подобра иднина – велигденска честитка од Филипче

Дејан Дејан

Мицкоски: Светлината на Воскресението да биде водилка во заедничките напори за праведно и хумано општество

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе