Македонија Топ вести

Јанакиески тврди дека не е виновен за тоа што е оштетен буџетот за повеќе од милион евра

Долго чекал на одбраната која ја подготвува три години, а за која зборуваше повеке од три и пол часови. Екс министерот Миле Јанакиески тврди дека не ја распуштил првата и не формирал втора комисија со намера да реализира оглас со недостатоци за да се продаде земјата кај Сончев град. Ниту пак вели дека како министер би можел да знае дека подоцна продажбата ќе пропадне а буџетот ќе биде оштетен за повеќе од милион евра.

Никогаш не сум комуницирал со комисиите. Како министер не сум имал ниту надлежност да одлучувам за нивна промена. Во министерството има хиреархија и државниот секретар е тој со кој јас комуницирам и е должен да обезбеди законито вршење на работите во Министерството. Подоцна дознав дека членовите на комисијата сами барале да бидат променети и поради тоа јас само сум го потпишал таквото решение, за нормално да функционира работата во министерството, сведочеше Јанакиески.

Според обвинението, Јанакиески ја сменил комисијата која го распишала огласот а која му укажала дека не може да се продава земјиштето поради фактички и правни проблеми. Наредниот ден била формирана друга комисија, со други членови кои сега се обвинети заедно со поранешниот министер. Сите се гонат за злоупотреба на службената положба поради што буџетот и граѓаните се оштетени за милион евра.

Случајот „Топлик“ на поранешното СЈО е отворен во 2016-та и е поврзан со спорната продажба на елитното земјиште на Водно. Но според обвинителството и покрај тоа што Јанакиески знаел дека има недоследности во огласот влијаел за да се распише огласот кој подоцна пропаднал а државата имала загуби.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе