Македонија Топ вести

Бугарија не доставила формално барање за впишување на Бугарите во Уставот, тврди Османи

Разговорите меѓу Македонија и Бугарија се водат по пет точки плус зеленото светло за Македонија за преговори со ЕУ, а другите прашања кои се отвораат од страна на Бугарија во изминатиот период се тест или насоки кои сѐ уште не се созреани да бидат дел од посериозни разговори меѓу двете земји. Ова е ставот на шефот на дипломатијата Бујар Османи за прашањето на правата на Бугарите во Македонија и нивното впишување во македонскиот Устав за кое рече дека досега не се формилизирани од Софија.

Меѓу двете влади се разговара само за прашањата кои што до сега ги имам презентирано пред вас, тоа се петте точки за кои што очекуваме да има набрзо следна средба, рече Османи.

На новинарска констатација дека точките за кои сега се разговара се дополнети со уште една точка – Уставот и сега се разговара за пет плус еден, Османи дополни:

И оваа последната што се отвори како пет плус еден. Но писмено не сме добиле никакво барање. Тоа единствено се надоврзува на изјавата на претседателот Радев во Словенија, меѓутоа во формалната комуникација, во комуникациијата која што се разменува преку ноти, која што се разменува на формални состаноци, се разговара за петте прашања, рече Османи.

За условот кој беше директно испорачан прво од бугарскиот претседател Румен Радев, а потоа и од поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, дека за кревање на ветото од Бугарија Македонија ќе треба прво да ги впише Бугарите во македонскиот Устав, рече дека нема да коментира додека не завршат изборите во двете земји, за што смета дека е под делумно влијание на изборниот процес.

За Османи, за кого иако се нејасни и целите и намерите на најавениот нов пристап кон Македонија од страна на бугарските политичари, сепак тоа може да значи и позитивен исчекор од бугарска страна.

Овој пристап кој што има еден шифт од наметнување на апсолутна вистина за сите, во право на самоизразување, во право на самоопределување на секој граѓанин, мислам дека, колку толку, се поместуваме од некакви си позиции кои што никако не можат да доведат до некакво решение, рече Османи.

Османи за дискриминација на која здруженијата и партијата на Бугари од Македонија им се пожалија на бугарските политичари информираше дека ниту институциите, ниту тој немаат поплака за такво нешто.

Во услови кога јас повикувам на такво информирање, никој не се јавува, а се оди во Софија, повеќе го ставам во контекст на политизирање и во контекст на изборниот процес, рече Османи.

Османи за евентуален реципроцитет на барањето на Бугарија за заштита на првата на бугарското малцинство во Македонија, со барање од македонска страна, за заштита правата на Македонците во Бугарија, вели дека тоа е ограничено и нијансирано со уставните уредувања во двете земји, посочувајќи дека за индивидуалните човекови права е надлежен Советот на Европа и Судот за човекови права.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе