Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ објави нови пораки за кои тврди дека се дел од вибер комуникацијата на групата XXX составена од 40-тина полициски службеници од Прилеп.
Упати порака до обвинителството.
-Го повикувам ЈО да не чека, да ги викне Кире Китаноски, шофер на Оливер Лукароски, Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп, Емилија Велковска началник на НККР, Трајан Комиција – Командир, Стефан – гранична, Давор Паскоски – БПС, Мелита – ПС, Невенче – администратор, Коста Талески – ПС во дежурна, Венко Илиески – БПС, Валентин Димоски – БПС, Жарко Цуцулоски – БПС, Андреј Дукоски – БПС, Стефан Кучкарот – БПС, Борче Црнески – БПС, Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп, Анастас Паризо – БПС , Игор Божиноски – БПС, Марјан Мачорот – БПС, да земе изјави од сите нив, да ги земе нивните телефони и да изврши вештачење на истите. Тоа мора да биде направено веднаш. Во спротивно постои основано сомнение дека ваквата група може да продолжи со своите криминогени активности, рече Ковачки на прес конференцијата.
Тој обвини дека оваа група била користена за разни активности против ВМРО-ДПМНЕ, против граѓаните, слободните избори и нормалното функционирање во изборен процес.
-Затоа Спасовски и Заев треба да кажат и дали зад нападот на новинарската екипа во Прилеп стои и е под закрилата на насилниците од злосторничката група полицијци на Заев и Спасовски? Вистината ќе излезе на виделина. Според наши сознанија, кои доаѓаат од терен, а се сведоштва на лица инволвирани во вакви активности, кои не сакаат повеќе да и служат на злосторничката група, вакви групи има и во Охрид, Битола и Радовиш, зијави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.