Граѓанската иницијатива “Шанса за Центар” ги повика денеска на јавна дебата политичките партии кои освоија места во Советот на оштината, на која би требало да се постигне консензус за приоритетите и развојните цели на Центар.
Од оваа иницијатива, сметаат дека и покрај различните пристапи и концепти за развој на општината, во интерес на граѓаните, програмските цели може да се усогласат заради граѓанскиот интерес и развојот на општината.
Шанса за Центар напоменува дека нема да гради коалициско партнерство со одредена политичка партија, туку ќе биде коалициски партнер секому, а ќе бара и соработка околу решенија базирани на вредности и квалитетни анализи кои ќе водат кон развој на општината.
Од граѓанската коалиција подвлекуваат дека тежиштето треба да се врати во Советот на општината како место за конструктивна дебата.
Како свои појдовни принципи за ваквата дебата, од “Шанса за Центар” ги наведуваат:
– Транспарентност и отчетност на општината
– Вклученост на граѓаните во процесите на одлучување
– Финансиска одговорност
– Модернизација на работа на инспекциските служби
– Законито урбанистичко планирање и градење
“Шанса за Центар” предлага дебатата да се одржи во Културно социјален простор- Центар ЈАДР0 во 14 часот во вторник 26 октомври.