Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Центар, Горан Герасимовски, го прифати денеска повикот на граѓанската иницијатива “Шанса за Центар” за дебата околу приоритетите на општината во следните четири години.
“Како демократска партија сметаме дека секоја дебата е во интерес на подобри решенија за граѓаните и секогаш ја поддржуваме” – порачаа од изборниот штаб на кандидатот на СДСМ.
Герасимовски и претставниците на коалицијата на таа дебата тврдат дека ќе ги презентираат своите ставови во однос на клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општина Центар.