Скопје, Куманово и Тетово ќе бидат клучните општини каде ќе се води битката во вториот изборен круг и од кои ќе зависи натамошното опстојување на власта. Во моментов ВМРО-ДПМНЕ е во предност а СДСМ во наредниот период ќе се обидува драстично да го подобри изборниот резултат. Политикологот Александар Спасеновски очекува кампањата и реториката на политичките противници значително да се заострат.
Пресудни ќе бидат гласовите на Албанците, особено во Сарај каде се избрани градоначалник и совет на општината, па неизвесно е дали граѓаните ќе излезат на гласање на 31 октомври.
До крајот на кампањата остануваат уште 8 дена.
Јулијана Пешевска