Вести Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Беса останува дел од владиното мнозинство, без разлика што во некои општини партии од коалицијата ќе се борат за градоначалници

Движењето БЕСА во првиот круг од изборите успеа да ги исполни очекувањата поставени од Изборниот штаб на партијата и нормално во вториот круг како апсолутни фаворити влегуваме во општините Тетово и Желино, соопштија од Беса.

Оттаму потенцираат: „Воедно сакаме да ја информираме пошироката јавност дека Владината коалиција е стабилна безразлика дека на многу места во вториот круг се натпреваруваме меѓу себе.“

-Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел. Движењето БЕСА е дел од стабилното владино мнозинство, порачуваат од Беса.

Слично соопштение упатија и од ДПА.

-Членството на земјата во НАТО е главниот успех на оваа Влада. Забрзувањето на процесот на интеграција е врвен приоритет и ние целосно веруваме дека ова е владата што ќе може да го финализира процесот за добивање датум за почеток на преговори за полноправно членство.
Демократската партија на Албанците продолжува да биде дел од оваа Влада, давајќи го својот скромен придонес за благосостојбата на граѓаните, реформскиот процес и процесот на интеграција на земјата во Европската Унија, соопштија од партијата на Мендух Тачи.

Помалите партии со силна поддршка за СДСМ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе