Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски вети дека со изградба на нови индустриски зони и обезбедување поволни услови за инвестиција на поголеми индустриски капацитети, ќе создаде можност за отворање нови работни места за млади и стручни кадри, јакнејќи го домашното стопанство.
Рече и дека ќе креира стимулативни политики и програми за поттикнување на локален економски развој со акцент на старт ап бизниси, иновативност и социјално претприемништво.
Ќе поттикнуваме занаетчиство кај младите преку промоција на занаетчиството и креирање мерки за подобри услови за занаетчиите и зголемена соработка со занаетчиска комора, рече Димитриевски кој ја продложи кампањата пред вториот круг од окалните избори.