Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе од 20 градоначалници во прв круг

Ова е триумф на хероите на Македонија, луѓето кои заслужуваат надеж. Денес се слуша, трешти гласот на победата, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прогласувајќи голема победа на локалните избори.

Мицкоски изјави дека нивните кандидати победиле уште во првиот круг во повеќе од 20 општини, 22 доколку вечерва се потврдат резултатите од Кисела Вода и Аеродром. Според него во вториот круг влегуваат со водство во повеќе од 20 општини. На советничките листи очекуваат разлика од  повеќе од 50.000 гласа наспроти СДСМ.

Дали ова е финалната победа? Не. Ова е првиот голем чекор до нејзе. Доста беше, доста е делби, конфликти, доста е апатија, криминал и корупција. Благодарам народе на Македонија. Ова е твоја победа! Ова е победа, но ова е и одговорност. Едно да знаете, нема да ве изневериме, нема да ве разочараме. За мене, за нас, ова е голема одговорност, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите гласачи кои сакаат нешто да се промени, тие кои не ги подржале во првиот круг, дека е време да се надминат разликите.

Потребни сме заедно да се бориме рамо до рамо и само така ќе успееме, порача мицкоски.

Мицкоски исто така соопшти дека независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје кој тие го подржаа, Данела Арсовска води пред Петре Шилегов со 2.750 гласови.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе