Прв пат се користат и уште од отварањето на избрачките места предизвикаа главоболки кај избирачките одбори и кај гласачите кои мораа да чекаат подолго од вообичаеното за да го остварат своето право на глас.
Од ДИК соопштија дека се јавуваат два проблеми, лошо ракување или лош квалитет на базата на податоци, а според она што може да се види на терен најчесто проблеми има кај повозрасните граѓани.
Проблеми со читачите на отпечатоците се регистрирани во речиси сите општини како во Скопје така и во останатиот дел од државата. Поради застојот во гласачкиот процес 11 гласачки места ќе затворат во 20 наместо во 19 часот а на 6 места се гласа со спреј и УВ лампа.
На гласачките места во основното училиште „Песталоци“ во центарот на Скопје, граѓаните чекаа петнаесетина минути за да го остварат своето право на глас.
Причина за поспориот тек на гласањето повторно се читачите на отпечатоци
Пробелми со процесот на идентификација имаше и на гласачките места во училиштето “Владо Тасевски“ во населбата Козле.
За да се реши проблемот со турканиците пред избирачките места од ДИК испратија инструкции до избирачките одбори да пуштаат гласачи на местото колку што има гласачки кутии.
За сума од 11 милиони евра, државата купи 4.000 терминали за читање на отпечатоци од германската фирма „Дермалог“. Според процедурата со нив смеат да ракуваат само претседателот на избирачкиот одбор и неговиот заменик кои за таа цел поминаа обука.
Огнен Чанчаревиќ