Вести Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Двајца кочанчани се заканувале со отказ на вработени доколку гласаат за кого сакаат- казната за тоа е минимум 3 години затвор

МВР соопшти дека двајца кочанчани се осомничени  за кривични дела “повреда на слободата на определување на гласачите” затоа што цела седмица им се заканувале на вработени во претпријатие дека „ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.“

За делото за кое се товарат двајцата осомничени изборни насилници, минимална затворска казна е 3 години. Случајот е предаден на обвинителството. Жртви на изборното кривично дело се 4-ца работници.

Еве го соопштението на МВР:

ОВР Кочани до надлежното ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано сомнение дека сториле кривични дела “повреда на слободата на определување на гласачите” по чл. 160 ст.1 в.в.член 19 од КЗ.

По претходна пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници од ОВР Кочани за расчистување на случајот.

Утврдено е дека во периодот од 08.10.2021 до 15.10.2021 година во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М., сите од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.

Осомничените лица се пронајдени и повикани во ОВР Кочани, извршени се консултации со Дежурен ОЈО Кочани и против двајцата е поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе