Новата епдемиолошка карта на Европскиот центар за превенција на болести покажува дека половина од светот е во портокалова и црвена боја. На Балканот ситуацијата со ковидот најлоша е во Словенија која е обоена темно црвена боја, но во црвена боја се и Хрватска, Романија, Грција, Бугарија и Босна, па затоа цел Западен Балкан е надвор од листата на ЕУ за безбедни патувања. Многу од земјите ги заоструваат мерките пред доаѓањето на есента, се воведуваат задолжителни ковид пасоши, со кои властите се надеваат дека ќе ја забрзаат вакцинацијата. Германија бара невакцинираните да си ја преземат одговорноста, па од 11-ти октомври за нив се укинуваат бесплатните тестови и нема да им се наплаќа боледувањето ако се во самоизолација. Во Виена од 1-ви октомври ќе се бараат вакциналните сертификати за влез во баровите или ноќните клубови. Но, во некои држави враќањето на старо, веќе не е сон. Данска, Шведска и Холандија од утре ги укинуваат речиси сите мерки, откако во овие земји стапката на вакцинирани е висока, но исто така и вербата во власта. И Португалија успеа да извакцинира речиси 85% од населението. Земјата се одлучи да ги укине мерките, а граѓаните се пресреќни.
Не верував дека ќе достигнеме 85%, минатата година мислев дека е невозможна мисија земјата да го оствари тоа. Но, сега сите треба да си честитаме, прекрасно.
Како и се друго, добивме дна битка, но не знам дали ја добивме војната против вирусот бидејќи ова е глобална војна, не е регионална војна на Португалците, ВЕЛИ ЕНРИКЕ ГОВЕЈА Е МЕЛО, НАЧАЛНИК НА НАЦИОНАЛНОТ ОДДЕЛ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА
Норвешка бележи раст на заразените, но поради високата стапка на вакцинирани, не размислува за воведување на мерки. И во далечната Австралија ветуваат ублажување на мерките откако наредниот месец се очекува да се достигне прагот од 70% имунизација. но, властите предупредуваат дека мора да се остане внимателен. Сепак, голем дел од популацијата во светот одбива да се вакцинира, а дел размислуваат. Според епидемиолозите, методот за враќање во нормала отсекогаш бил ист – а тоа е стекнување на колективен имунитет. Истакнуваат дека отсекогаш сме биле соочени со коронавируси, но ковид 19 е веќе широко распространет вирус, на кој сите ќе бидеме изложени. Децата во иднина ќе создадат отпорност кон него, не не и постарите, кои сами ќе мора да изберат како ќе се соочат со него – или ќе се вакцинираат или разболат и ќе успеат да се изборат.
Алиса Шутиноска