Македонија Топ вести

Укинат 30 дневниот притвор, Кичеец се враќа во затворот во Струга

Доцна попладнево укинат е 30 дневниот притвор на Зоран Милески – Кичеец.

Телма дознава дека веднаш потоа решението е испратено до затворот во Шуто Оризари, каде што ја издржуваше мерката притвор. Тоа значи дека тој се враќа на издржување на затворската казна во затворот во Струга.

Ваквата одлука доаѓа откако Кичеец се жалеше на одлуката на гостиварскиот суд со која му беше одреден притворот а го бараше обвинителството. Тој е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа што се случи минатата сабота а во која загина 34 годишен гостиварец. Истрагата утврдила дека Кичеец додека бил на прекин од издржување на затворската казна, возел кон Скопје, но на патот Кичево – Гостивар претекнувал на полна линија, по што дошло до судирот меѓу неговиот и уште два автомобили.

Инаку тој се уште ја издржува 3 годишната затворска казна за случајот “Рекет”. Но, и покрај тоа користел погодности и бил на лекување заради тахикардија кога ја предизвика несреќата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово

Дејан Дејан

Руски воен репортер загина во Украина

Дејан Дејан

Лукаревска: Во следните четири години ќе ја зајакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе