Спорт Фудбал

Ристовски: Чест е да се биде капитен на оваа репрезентација

По повлекувањето на Горан Пандев, Стефан Ристовски ќе ја носи капитенската лента во националниот тим. Дуелот против Ерменија што ќе се одигра утре на арената Тодор Проески ќе биде првиот дуел на кој Ристовски ќе ја носи лентата во овој циклус од квалификациите за Светското првенство.

“Сакам да се заблагодарам јавно на капитенот Пандев и треба да ни биде пример како да се продолжи репрезентативниот пат. Се надевам дека ќе го испратиме на вистински начин. Голема чест за мене е што сум капитен на оваа репрезентација и благодарност до селекторот што ми ја даде довербата. Но, јас ќе кажам дека сите треба да бидеме пример како се носи дресот и да даваме максимум за својата држава. Фудбалот е веќе до степен да немаме многу време за размислување, кратко време за подготовки, три натпревари, имаме промени во составот, но доволно сме професионалци да продолжиме каде што застанавме. На теренот нема поделба на стари и млади. Сите треба да одговориме на предизвикот.  Без разлика на промените и фактор дека доаѓаме од ЕП и мислам дека треба да гледаме позитивно и тоа да ни биде поттик за уште подобри резултати”, истакна новиот капитен на репрезентацијата, Ристовски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трајковски: Имаме доволно време да се подготвиме тактички и физички за Белгија

Дејан Дејан

Мартин по само една сезона ќе ја напушти Априлија

Дејан Дејан

Лиам Делап ќе биде новата „деветка“ на Челси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе