Свет Топ вести

Борисов: ГЕРБ ќе предложи влада со Даниел Митов како кандидат за премиер 

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на брифинг во седиштето на  партијата изјави дека доколку на неговата партија дојде можноста да формира влада, таа ќе го предложи Даниел Митов за премиер.

Борисов кажа дека по презентирањето на кандидатурата на Митов, партијата веднаш ќе го врати мандатот, а пред тоа на претседателот ќе му претстават состав на бугарската Влада.

Во последните денови, наведе Борисов, немало бугарски политичар кој не кажал дека тоа што се случува во Бугарија е хаос.

Единствено нашиот слоган се покажа точен. Време е за нешто друго, видовте што е другото – хаос, додаде Борисов.

Даниел Митов беше кандидат за премиер од ГЕРБ-ДПС по претходните парламентарни избори, на 4 април, но тогаш другите политички партии не го поддржаа и овој обид пропадна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Конференцијата во Ница постигна напредок за заштита на 30 отсто од океаните

Дејан Дејан

ИДФ: Операцијата во Иран ќе трае се до остварувањето на зацртаните воени цели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе