Свет Топ вести

Првиот турски брод за итни случаи помага во гаснење на пожарите

Првиот турски брод за итни случаи „Нене Хатун“, помага во гаснење на шумските пожари, и пристигна во подрачјето на провинцијата Мугла.

Овој брод, долг 88 метри и широк 18 метри, обезбедува помош во итни ситуации веќе шест години.

Меѓу другото, бродот има болница со можност да прими 20 пациенти, а на него работат повеќе од 40 членови на екипажот во смени.

Инаку, овој брод, покрај гаснењето пожари, има и бројни улоги на отворено море, како спасување жртви од бродоломи, нуркачки спасувачки мисии, детектирање на загадување на морето…

На него има и хелиодром, а направен е да ги издржи сите временски услови.

Од вкупно 208 шумски пожари во 44 градови во Турција, 196 се ставени под контрола, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Шумските пожари се активни во уште пет градови: Анталија, Мугла, Испарта, Ајдин и Денизли. Продолжуваат активностите за нивно ставање под контролa.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе