Свет Топ вести

Пожарот во Атина уништи повеќе куќи и автомобили

Грчките граѓани се соочија денеска со последиците од страотниот пожар кој избувна во северните предградија на Атина, уништувајќи куќи, бизниси и автомобили.

Огнената стихија на маргините на главниот град на Грција, во предградијата Варибоби и Татои беше најжестоката од над 80-те шумски пожари кои избувнаа во државата во период од 24 часа, од доцна во Понеделникот до доцна во Вторникот.

Без, огорченост, очај се најчестите емоции кај жителите на овие предградија, но и зачуденост како нивните домови биле поштедени од силниот оган.

“Куќата на мојот прв сосед изгоре, таа куќа беше изгорена, куќата позади мојата исто така, не знам како Господ ми помогна и мојата не е изгорена” – вели Никос Карангелис, жител на предградието Варибоби.

 

“Се чувствувам огорчено, кој не би се чувствувал така? Не можете да го разберете чувството ако не ви случи тоа и вам” – нервозно коментира друг жител на предградието.

Огнената стихија во близина на главниот град на Грција предизвика тешка материјална штета а поголема трагедија засега е избегната заради бројните човечки и технички капацитети ангажирани за гаснење на пожарот.

“Во моментов ангажирани се 520 пожарникари кои работат во 17 екипи. Активни се и уште 150 возила, 9 хеликоптери – од кои 3 се на армијата и се користеа за воздушна координација, како и 7 авиони за гаснење пожари” –изјави Никос Хардалијас, заменик министер за цивилна заштита.

Покрај пожарот северно од Атина, уште два големи шумски пожари се уште се активни во Грција, еден на островот Евиа и уште еден во југозападен Пелопонез.

Борбата против шумските пожари не запира и во 6 турски провинции каде се уште се активни 11 големи шумски пожари.

Повеќе од 150 пожари кои избувнаа во 30-тина турски провинции од минатата среда, досега се изгаснати, но огнената стихија однесе и 8 човечки животи а илјадници локални жители и странски туристи беа принудени да ги напуштат своите куќи или елитни одморалишта.

Во операциите за гаснење на пожарите учествуваат повеќе илјади пожарникари и цивили, како и авиони од Русија, Иран, Украина, Азербејџан, Шпанија и Хрватска. Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу потврди и дека владата во Анкара изнајмила 4 нови хеликоптери кои може да ги гаснат пожарите и во текот на ноќта.

Температурите над 40 степени целзиусови, сувото време, ниската влажност и силниот ветер дополнително ја отежнуваат работата на пожарникарите и лесно ги шират огновите.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе