Вести Економија Топ вести

Азески: Бизнисот успеа да опстане, сега му треба силен импут (видео)

Компаниите кои инвестираат во развој, иновативни решенија и дигитализација на процесите со примена на меѓународно признатите стандарди мора да бидат поддржани во пост-КОВИД периодот и со тоа да им се одаде признание како се понесоа во една од најтешките кризи. Бизнисот успеа да опстои и она што им е сега потребно на фирмите е силен импут, вели претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Делегација предводена од Азески ја посети акредитираната лабораторија на компанијата „Макпетрол“ која постои 15 години и во која се вложени 2,3 милиони евра.

– Во новата стратегија на Комората најзначајно место ќе имаат токму институциите што имаат највисоки професионални стандарди, што инвестираат во напредни технологии и создаваат производи со додадена вредност со што ја зголемуваат конкурентноста на македонската економија. Бизнисот успеа да опстои и она што им е сега потребно на фирмите е силен импут. Затоа преку директните средби во објектите ги гледаме нивните потреби, но и барањето во кој правец ќе одиме, а ќе одиме во правец на отворање инвестициска активност за создавање производи со додадена вредност, констатира Азески.

Претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ Скопје Андреја Јосифовски ги запозна присутните со капацитетот и моќта на акредитираната лабораторија за анализа на течни горива. Првичната акредитација, како што рече, е од Британското акредитивно тело и работи согласно стандардот ISO/IEC 17025, секогаш има арбитражен примерок во случај на спор и овозможува целосна тајност, независност и доверливост во постапката.

-Лоцирана во најголемиот склад на „Макпетрол“ во општина Илинден, првично акредитирана од Британското акредитивно тело, а подоцна и од страна на домашната служба за акредитација на вакви лаборатории, работи по сите стандарди и е опремена на највисоко ниво, а се правата анализи и на био горивото. Контролите се вршат освен за сопствените производи и за надворешни партнери, а пред се висок рејтинг има за контрола на квалитетот на горивата во земјите од регионот, но и за домашните институции по доставени примероци од пазарната инспекција. Лабораторијата има воспоставена соработка и со меѓународни лаборатории, и со нафтени компании кои го контролираат квалитетот на своето гориво во лабораторијата, посочи Јосифовски.

Азески наредната недела ќе ја посети и акредитираната лабораторија во „Окта“ АД Скопје. Минатиот месец тој реализираше средби и со менаџерските тимови на Раде Кончар ТЕП и Сервис, Раде Кончар контактори и релеи, во фабриката Актива, Градежниот институт Македонија, Факултетот за информатичка технологија Финки

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе