Економија Македонија Топ вести

Енергетската заедница отвори постапка против Македонија

Македонија повторно на тапет на Енергетска Заедница. Отвора постапка за решавање на спорови против Македонија, Србија и Молдавија.

Земјите не ги усогласиле во домашното законодавство европските директиви за проценка на ефектите на одредени јавни и приватни проекти врз животната средина.

Крајниот рок до кога требало тоа да го направат бил крајот на 2018 година.

Од Енергетската заедница за „Телма“ посочуваат дека станува збор за рутински постапки за земјите кои не успеале да ги усогласат директивите.

А од министерството за животна средина пак велат дека директивите се речиси 80 проценти имплементирани во националното законодавство, што секако не е мал процент.

“Остануваат да се доусогласат дел од одредбите од изменетата директива од 2014 г. Измените и дополнувањата на Директивата 2014/52/ЕУ во националното законодавство се планирани да се реализираат преку ИПА проект кој веќе е одобрен и за кој се во тек подготвителни активности. Се очекува негово започнување до крајот на годината или најдоцна до почетокот на наредната” – соопштија од министерството за животна средина. 

Инаку Енергетската заедница и пред неколку месеци покрена постапка против Македонија за неисполнување на обврските за намалување на загадувањето од енергетскиот сектор, предвидено во Националниот план за намалување на емисиите.

Станува збор за загадувањето кое главно доаѓа од РЕК Битола.

„ РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи со јаглерод диоксид и истовремено со сулфур, бидејќи користат и лигнит за создавање енергија. Затоа ние предложивме до парискиот договор, за нашиот национален утврден придонес (NDC), што е многу амбициозен предлог, да ги намалиме гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина, до 51% до 2030-тата. Ова вклучува и деактивирање на РЕК Битола во наредните 8 до 9 години, што ќе ги реши проблемите“ – изјаи министерот за животна средина, Нуредини.

Инаку, заштитата на животната средина е една од главните забелешки и во Извештаите на Европската Комисија за напредокот на земјава.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе