Македонија Топ вести

Жешкото време и индустриските погони го зголемија загадувањето на воздухот во Тетово

Деновиве Тетово повторно е на листата на градови со високи вредности на ПМ 10 честичките во воздухот.

Познавачите на приликите како една од можните причини ја наведуваат топлата воздушна маса која носи прашина, меѓутоа дополнително аерозагадувањето се зголемува и со олабавувањето на рестриктивните мерки.

Како потенцијални поголеми загадувачи на воздухот се смета дека се индустриски погони.

Од Општината велат дека инспекциските служби постојано ги контролираат фирмите кои имаат Б дозволи.

За ублажување на сегашната состојба, од Општина Тетово најавуваат дека ќе се врши почесто миење на улиците во градот, со оглед на тоа дека пустинскиот ветер, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, може да потрае и во наредните денови.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе