Македонија Топ вести

Крадат лични карти од комшијата и го заглавуваат со брзи кредити

Битолчанец злоупотребувајќи ја довербата на својот пријател и сосед, му ги дознал податоците од личната карта и трансакциската сметка и подигнал брз кредит на име на оштетениот пријател.

Од МВР известија дека во оваа измама вредна 22 илјади денари било вмешано и трето лице, женска пријателка на измамникот на чија сметка стигнале парите. Измамата се одиграла по електронска банкараска апликација.

Иако станува збор за суми кои се движат до максимум 700-тини евра, од МВР ни одговорија дека имаат почести пријави со злоупотреби на туѓи лични карти за брзи кредити.

На територија на СВР Скопје е пријавен еден случај, но измамникот успеал да оштети граѓанин и со неговите лични податоци да подигне кредити во три различни сервиси за брзи пари.

Во Велес пак е забележана највисоката измама, велешанка успеала со туѓа лична карта и кредитна картичка, најпрвин да го убеди сервисот за брз кредит да и  даде на заем 39 илјади денари, а потоа да ги земе парите од банкомат со украдената кредитна картичка.

Најчесто овие електронски крадци ги крадат документите на невнимателните граѓани и брзаат во сервисите за брзите кредити и преку итна процедура успеваат да ги престигнат оштетените пред да пријават во полиција дека им ги нема документите.

Така се случило и во Куманово, каде на жена и биле украдени документите и пред да пријави веќе и биле подигнати 14 илјади денари брз кредит од банкомат.

Во реонот на СВР Охрид имало три случаи кога со украдени лични податоци биле подигнати брзи кредити, но откриен е само едне крадец.

Во СВР Струмица имало две кражби на поадтоци кои непознати сторители ги искористиле за земање брз кредит во три различни фирми.

Сепак рекордер е Штип, тамошната полиција има пријави за 6 случаи, досега СВР Штип поднел една кривична пријава против 5 сторители кои со измама земале брзи кредити.

Единствено решение за овие случаи е зголемена будност и на граѓаните, и на полицијата и на сервисите за брзи кредити.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе