Македонија Топ вести

Ципрас за МИА: Како што најдовме ние, така и Бугарија треба да најде волја за взаемно прифатливи решенија

Колку и да е тешко, пријателот Бугарија, треба да најде, како што најдовме ние, политичка волја за заемно прифатливи решенија што нè водат напред, наместо да нè затвораат во минатото, вели лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во интервју за МИА.

На три години од потпишувањето на Договорот од Преспа со што се стави крај на деценискиот спор, поранешниот грчки премиер вели дека многу работи се сменија, но можеме да одиме уште подалеку и уште работи да се сменат на подобро.

Истакнува дека со Договорот од Преспа, ЕУ беше принудена да го одмрзне процесот на проширување, да ја зајакне нејзината улога во регионот и да даде зелено светло, не само за Македонија, туку и за Албанија

Ципрас  открива што би направил поинаку од актуелната грчка Влада, доколку СИРИЗА беше сега на власт ќе оди уште порешително напред во спроведувањето на договорот и во унапредувањето на нашите стратешки односи со Македонија.

Ќе пристапевме кон одржување на вториот Совет за соработка на високо ниво, веќе ќе ги имавме ратификувано меморандумите за соработка што се во корист на двете страни, ќе беше напредната работата за трговските ознаки и ќе беше спроведена одлуката од јуни 2019 година за учебниците во Северна Македонија, како што  беше спроведена од Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе