Театар, намерно изиграна пинг –понг партија, со цел да не се донесе суспензија на спорните Детални урабанистички планови во Центар. Вака експертите ги кометираат вчерашните одлуки на министерството за транспорт и постапките на Општина Центар со кои практично дадоа амин на изградбата на висококатниците кај Холидеј Ин. И не само таму, туку и на многу други атрактивни локации во Скопје, кои до сега беа стопирани.
Они доволно малку згрешиле за да овие доволно добро им вратат и уствари ова е некаков вид на театар, на пинг-понг партија. Пушти ми ти мене елаборат ама елаборатот не ти е точен и затоа јас велам не може да не се опфатат сите параметри во тој елаборат. И прашањето се поставува и јас вака гласно размислувам, можеби не е и точно, но дали тоа намерно се пропуштени одредени членови по кој би се толкува или пак сега министерството намерно го враќа и го толкува по член 35 односно член 23, вели архитектот Мишко Ралев.
Тие административни постапки, односно елаборати, текстот како е искоментиран дали елаборатот бил согласно на очекувањата или не, на кои членови се повикувал, мислам дека е малку изигрување на јавноста. Се работи за елаборати изработени уште во јануари кои имале време да бидат и прегледани, па дури и ако треба и нешто корегирани. Но мислам дека повеќе се тактизирало од јануари до сега како да се најде начин за да не се донесе одлука за суспензија, вели советничката во Општина Центар јана Белчева Андреевска.
Според нив токму јавниот интерес за кој сега се спорат двете институции, со вакавите одлуки докажале дека воопшто не им е важен.
Сега за што сме, Општина Центар ако е на мислење дека треба да бара суспензија тогаш барајте суспензија, точно и прецизно. А Министерство за транспорт ако размислува вака глобално, ако размислува во интерес на градот и во интерес на населението, не мора точно правнички да се фаќа, не сте ни го пуштиле тој парк. Па и член 35 е во ред. И според член 35 за неусогласеност со Г-упот е причина да се суспендира, вели Ралев.
Ја добивме пораката дека градовите односно нашиот град е далеку од тоа да биде место на правдата. И за жал тука е јасен изразот на зголемени нееднаквости од кое ќе страда нашето општество особено нашиот град а тоа е директен резултат на ставањето на едни капитални добивки и економски пресметки, алчноста пред добросостојбата на луѓето природата, на достоинството на луѓето на потребите и нивните права, рече Белчева Андреевска.
Од Антикорупциска по чија ниницијатива Обвинителството отвори предистражна постапка за спорните дупови кај Холидеј ин, велат дека со ова е загрозен јавниот интерес, за сметка на личниот интерес на поединци. Претседателката Билјана Ивановска смета дека формално се барала суспензија, колку за пред јавност, а во суштина се прават намерни пропусти колку да поминат веќе договорени зделки.
Жителите на Ново Мало пак бараат да почне да се градат згради кај Холиде ин, а Општината центар да се повлече од билокакави намери за суспензија. Другите пак кои беа категорично против „бетонските чудовишта“ се разочарани од одлуките.
Вчера Министерствоот за транспорт недаде позитивно кислење за елаборатите на Центар со кои се бараше суспензија на спорните ДУП-ови, со образложение дека се доставени под погрешен член. Боградовиќ пак потврди дека издал дозвола за градба на инвеститорот, уште пред да го случне мислењето од транспорт. Со префрлањето на топката меѓу транспорт и центар, практично сега во функција се ДУП-овите донесени од ВМРО- ДПМНЕ , за кои СДСМ како опзиција беше категорично против.
Александра Филиповска