Успешно заврши спасувачката акција во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Човекот, кој сакаше да се самоубие, скокајќи од тераса на станбена зграда, е спасен.
По повеќе од 4 часа, полицијата успеа да го разубеди во неговата намера. Повеќе часови се преговараше со него. Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување, кој човекот се обидел да го дупне фрлајќи врз него шипки. Според командантот на скопска ППЕ, Владимир Симоновски, причината поради која човекот се обидел да си го одземе животот, биле психички и љубовни проблеми.
На терен, покрај полицијата, имаше и екипи на Противпожарната единица на Град Скопје и на Брза помош.