Вести Македонија Топ вести

Зголемен е бројот на пациенти кои имаат компликации после прележан ковид

Се намалува притисокот на Инфективното одделение во битолската болница, каде во моментот  се хоспиталзирани  10 пациенти позитивни на КОВОД-19, но сега се оптоварува  Интерното одделение, поради наплив на пациенти со пост ковид последици.

-Сега иаме малку поголема оптовареност на одделението за интерна медицина, бидејќи многу од пост ковид сосотојбите прават компликации од интернистичка природа кои што бараат подлготрајно лекување. За среќа започна со пост КОВИД   рехабилитација и Заводот за рехабилитација во Отешево. Дел од пациентите се упатуваат и таму, оние  кои се со лесна и среднотешка слика на компликации, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола

Битола заедно со Прилеп, беа најголеми жаришта на коронависрусот од градовите во внатрешноста, па во пролетниот бран на болничко лекување во битолскиот КОВИД центар имаше и по 170 пациенти со тешка клиничка слика. И оние 10 лица кои сега се останати, веќе подолго врме се хоспиталзирани на Инфективното одделение.

-Не менува силината не вирусот, пациентите во моментот се со малку подобра клиничка слика, имајќи предвид дека се на крајот на нивната изолација, односно веќе подолго време се хоспиталзирани. Но, сите биле со потешка клиника слика, која што барала болничко лекување и третман, вели Гагачовска.

Клиничката болница во Битола, поради намалениот притисоко, од 1 јуни се врати во редовен режим на работа, одделенијата кои беа дел од КОВИД центарот и Модуларанта болница се веќе затворени, а пациентите позитивни на коронависрусот се лекуваат само на Инфективното одделение.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе