Одлив на 50 до 80 проценти на кадарот доживеа туристичко-угостителстскиот сектор од пандемијата со Ковид 19, а најмногу се погодени хотелите особено во градовите каде воопшто немаше туристичка сезона – покажала анкетата на Стопанската комора на Северна Македонија.
Најголем дел од кадарот поради неизвесноста се прелеал во секторите транспорт и градежништво. Сега Комората преку брзи преквалификации ќе се обиде да обезбеди работници со цел да се спаси претстојната туристичка сезона.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.