Економија Топ вести

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во Виница

„Макпетрол“ АД Скопје ја пушти во употреба, втората по ред во овој месец, реконструирана бензинска станица. Овој пат станува збор за бензинската станица на Макпетрол во Виница, преку која се снабдуваат со горива голем број на потрошувачи од овој град и околината.

Како компанија која се гордее со квалитетот на своите горива и услуги, посветеноста кон инвестирање во своите капацитети е логичен чекор. Следејќи ја побарувачка на сопствените производи и услуги, Макпетрол на овој начин им се заблагодарува на своите потрошувачи преку создавање модерни услови на своите бензински станици.

Преку реализација на оваа инвестиција во висина од околу 105 милиони денари, бензинската станица во Виница ќе ги услужува своите потрошувачи во современ објект кој ги следи светските стандарди за функционалност, квалитет и безбедност. Производите и услугите на оваа бензинска станица се достапни во текот на 24 часа, секој ден во неделата.

Како и во останатите бензински станици на Макпетрол, така и во оваа, достапни се квалитетните горива од ULTRA фамилијата, вклучувајќи го и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе