Македонија Топ вести

Moжен ли е избор на директор без партиска  книшка?

Можен ли е избор на носител на раководна функција без партиска определба? Владата подготвува пакет од три закони за кои уверува дека во иднина независна комисија за селекција ќе го утврдува изборот на директори во институциите. Се размислува и за укинување на функцијата вршител на должност затоа што се утврдени низа злоупотреби.

Законите за висока раководна служба, за административни службеници и за вработени во јавен сектор веќе се подготвени и се очекува Владата да даде зелено светло во јуни по што ќе се достават во Собранието. Целта е да се овозможи професионализација на високите раководни кадри и на администрацијата.Политиката има големо влијание при досегашното именување на директорите без да се земат предвид стручноста и компетентноста.Антикорупциската комисија бара итна интервенција.

Големи злоупотреби се прават и кај функцијата вршител на должност која незаконски се продолжува по неколку пати.

Интервјуата со кандидатите ќе ги спроведува Комисија за селекција.

Неизвесно е дали законските измени ќе бидат поддржани од опозицијата затоа што на неколку наврати тие соопштија дека за нив се неприфатливи и бараат дијалог со власта.

Jулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе