Вести Свет Топ вести

Со технологијата на Фајзер, кинеските вакцини ќе ја подобруваат својата ефикасност

Бразилската мутација на коронавирусот станува закана за целиот свет, предупредуваат научниците. Најмногу поради тоа што од него се детектирани уште 92 нови соеви, од кои најопасен е П1, кој многу побрзо се шири- се однесува нетипично, за разлика од класичната варијанта. Она што загрижува е што во себе носи сличности и од јужноафриканскиот сој. Тоа го прави попренослив, а доказ за тоа се жителите на сојузната бразилска држава Манаус, каде луѓето кои еднаш го прележале вирусот се заразени по вторпат од новата варијанта. Бразилските болници се преполни, а докторите немоќни.

Не можеме да спиеме, зашто не знаеме дали ќе имаме услови да им помогнеме на сите пациенти, дали ќе имаме доволно лекови, кислород, услови за соодветна нега на сите пациенти. Денеска ги имаме, но ако расте бројот во еден миг ќе стане хаотично.

Бразил ги урива рекордите со над четири илјади луѓе починати на ден. Но, се уште не може да се докаже дали новиот вид е посмртносен, или големата смртност е поради колабираниот здравствен систем и неможноста на докторите да стигнат до секој пациент.

Во Бразил, новиот вид е регистриран во јануари, а во меѓувреме стигна и до Европа. Белгија и Шведска ги јавија првите пациенти.

Фармацевтските компании Фајзер и Астра Зенека соопштија дека нивните вакцини се ефикасни против бразилскиот сој, но не и другите производители.

Ретко признание за својата слабост јави денеска Кина. Директорот на кинескиот центар за контрола на болести, Гао Фу, изјави дека двете државни вакцини Синофарм и Синовак имаат мала ефикансот против вирусот, поточно 50,4%. Според Гао кинеските вакцини создаваат малку антитела, дури и со две дози, па веројатно ќе биде потребна уште едно трето боцкање за да се продуцираат доволно. Според Гао, сега кинеската влада размислува и официјално да ја искористи западната технологија, како на вакцината Фајзер, со цел да го стимулираат имуниот одговор, или да ја зголеми дозата или количината што се прима. Кинеските здравствени власти претходно не веруваа во новата технологија со која Фајзер ја прозиведе својата вакцина. Беа сомничави дека вакцината базирана на молекулата РНК не е добро да се дава првпат на здрави луѓе.

СЗО се уште ја чека Кина да ги објави податоците од третата фаза на студијата. Недостигот на транспарентноста од Кина предизвика и сомничавост за тоа колку се ефикасни Синофарм и  Синовак кај различни групи.

Секоја нова стратегија што ќе ја воведе Кина за своите вакцини ќе има последици за повеќе од 20 земји каде се или продадени или донирани кинеските вакцини.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе