После пандемијата со КОВИД-19 не очекува пандемија од нарушување на менталното здравје, предупредуваат психолозите и велат дека е потребна стратегија за справување со последиците од оваа криза. Стравот од заразата, загубата на блиски луѓе, изолацијата, се причини за голем број на психички проблеми кај луѓето. Сосотојбата е уште подраматична ако на тоа се додаде отпуштањата од работа и намалување на приходите во семејствата.
-Не очекувам еден сериозен пристап, целото општество треба да направи една национлан стартегија да му бидеме потпора на населението, да можат да се носат со стресните последици, да не го нарушат психичкото и емоционалното здравје и да на дојде до ментални нарушувања, како што е на пример посттрауматско стресно пореметување и тн., вели проф др. Марија Котевска Димовска, психолог.
Погодени се и здравствените работници во ковид болниците кои потврдуваат дека се она што им се случува на работните места се одразува и на нивното ментално здравје. Страдањето на пациентите и големиот број загубени битки велат се причини за стрес и големи трауми.
Целата оваа ситуација страшно влијае психофизички врз нашето здравје. Ние се соочуваме со нешто најстрашно во нашите животи. Ова се одесува на целокупниот пероснал кој што тука работи 14 месеци, гледаме луѓе кои што се многу тешко болни, гледаме луѓе кои завршуваат фатално, со летален исход, и секое заминуавње на наш пациент, секоја смрт на наш пациент за нас е страшна траума, вели д-р Ели Димтровска, инфектолог и раководител на Инфективно одделение во Клиничка болница Битола.
Психолозите препоарчуваат и во оваа физичка изолација да се најде начин за поврзување на луѓето бидејќи стресот се намлува со комуникација.
-На крајот на краиштата да согледаме нешто позитивно од оваа голема и непријатна криза, човештовот да се обедини и да се развијата хуманите вредности на емпатија за да си помагаме межусебно, вели психологот Котевска- Димовска.
Децата и младите луѓе кои се изолирани од своите врсници и пријатели, се исто така, ранлива категорија кога станува збор за менталното здравје и се меѓу најпогодените во оваа пандемија од КОВИД-19.
Емилија Мисирлиевски