Ковид19 Свет Топ вести

Сериозен глобален недостаток на вакцини во момент кога растат бројките на заболени и починати

Светската здравствена организација предупредува дека светот се соочува со сериозен недостаток на вакцини во момент кога глобално се забележува зголемување на бројот на трансмисии и смртни случаи. Поради недостатокот на вакцини против Ковид-19, многу земји се уште не можат да ја започнат вакцинацијата на своето население.

Се соочуваме со сериозен недостаток на дози и сакаме повеќе дози да им бидат достапни на државите. Се уште има земји кои ги чекаат испораките за да ја започнат својата вакцинација, вели портпаролката на СЗО д-р Маргарет Харис.

Генералниот директор на СЗО, посочи дека од 700 милиони дози, колку што до сега се искористени глобално, дури 87 проценти од нив се во богати земји. Гебрејесус рече дека има шокантен дисбаланс во распределбата на вакцините, појаснувајќи дека богатите земји веќе вакцинирале еден од четворица свои граѓани, додека во сиромашните земји тој сооднос е еден во 500.

Проблемот не е во испорачувањето на вакцини од Ковакс, проблемот е во набавувањето. Дознаваме дека некои земји и компании планираат сопствени, билатерални донации на вакцини, заобиколувајќи го Ковакс од нивни политички или маркетингшки причини. Овие билатерални договори ризикуваат да го разгорат пламентот на вакциналната нееднаквост, обвини генералниот директор на СЗО Редрос Аданом Гебрејесус.

Но од друга страна, СЗО препознала дека таму каде што вакцинацијата се одвива, резултатите се веќе видливи.

Ако спроведеме се, ќе излеземе од ова и вакцинацијата започнува да покажува добри ефекти во земјите кои се во можност да ги спроведуваат овие програми, но сите мораме да се вакцинираме, рече д-р Харис.

Вакцините кои се употребуваат ширум светот се произведуваат во Велика Британија, САД, Русија и Кина, а според истражувањето на Глобалниот здравствен центар за иновации на универзитетот Дјук, богатите земји во моментов имаат залиха од 4,6 милијарди дози на вакцини, додека сиромашните земји имаат само 670 милиони дози.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе