Ковид19 Свет Топ вести

Ковакс со план за испорака на третина од милијарда вакцини против Ковид-19 до средина на годинава

Меѓународната програма за споделување вакцини Ковакс има за цел да испорача третина од милијарда дози вакцини против Ковид-19 до средината на годината. Тоа го најави на форумот на Светска банка, Сет Беркли, директор на ГАВИ.

Програмата испорача скоро 38,4 милиони дози вакцини во 102 држави на шест континенти, шест недели откако почна да издава залихи.

Говорејќи на истиот форум, Нгози Оконџо-Ивеала, генерален директор на Светската трговска организација, нагласи дека земјите во развој кои извезуваат стоки се соочуваат со голем скок на цените, а туризмот пропаднал во пандемијата.

На светот му треба финансиска рамка за подготвеност и одговор на итни случаи и мора да ги држи отворени синџирите на снабдување за подобро да ги заштитиме економските системи, наведе таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Мрзливите градоначалници ќе се отповикуваат на референдум

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе