Македонија Топ вести

Дали марихуаната за шверц во Грција била „берена“ од фабрики за медицински канабис- кај уапсените најдено оружје, украдени пари од банкомат, луксузни часовници

После откривањето на 200 килограми марихуана на Плетвар, полицијата извршила проверки во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола, кои според МВР се поврзани со Александар Ушилковски, второосомничениот за трговијата со дрога.

Првичните претпоставки се дека марихуaната била земена од овие две фабрики и требало да биде прошверцувана и продадена во селото Радобил, а потоа да заврши на нарко пазарот во Грција.

Уапсени се вкупно шестмина, покрај Ушилковски уапсен е и командирот на прилепската полициска станица Кире Спиркоски, кој бил во првиот автомобил од нарко-конвојот, и иако е полицаец на групата и служел како чистач за да не биде откриена пратката. Уапсен е и жител на Гевгелија кој според полицијата е организатор на групата. Приведени се и припадници на групата кои се од Куманово, Битола и Струмица.

При претресите во домовите на уапсените најдено е и нелегално оружје, муниција, избоени пари кои потекнуваат од ограбен банкомат, колекција од луксузни часовници, но и поголема сума на пари.

Осомничените се изведени пред судија за претходна постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе