Македонија Топ вести

Евентуален договор за Законот за државјанство – oпција за деблокада на петтиот сет антикризни мерки  

Петиот сет антикризни мерки најверојатно ќе се донесат во текот на наредната недела. И покрај блокадата со илјадници амандмани од страна на пратеничката група Алијанса на Албанците- Алтернатива , Комисијата за финансирање и буџет ќе закаже седница.Во меѓувреме се очекува и    средба на Премиерот Заев со Села и Гаши на која треба да се постигне договор за законот за државјанство. Од тој договор ќе зависи и повлекувањето на илјадниците амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се убедени дека ќе се најде конечно решение кое ќе биде прифатливо за сите страни.

Пратеничката група на Алијанса на Албанците-Алтернативна нема да го повлече законското решение за државјанство но ќе остави простор за компромис и наоѓање начин како да се регулира статусот на илјадници граѓани.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе